Брокерска Куќа со традиција
ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје е еден од основачите на Македонската Берза за Хартии од
Вредност и на Централниот Депозитар за хартии од вредност
.
За Компанијата
Ние сме еден од креаторите на пазарот на капитал во Македонија
26+
години традиција
Активно учество во функционирањето и развојот на работењето со хартии од вредност во Македонија
20.000+
клиенти
Доверба која ни ја даваат клиентите е резултат на квалитетот и професионалноста на вработените
1.000.000 е
основна главнина
Согласно законот за ХВ, Инвестброкер има дозвола да ги врши сите видови услуги со хартии од вредност
Визија
Визијата на Инвестброкер е оджување на високиот квалитет на работа во сферата на берзанското посредување, зајакнување на довербата помеѓу сегашните и воспоставување на доверба со идни клиенти, како и промовирање на професионални вредности кои се целосно насочени кон подобрување на финансискиот сектор.
Вредности
Високо ниво на стручност во берзанското посредување
Интегритет кој е пресликан во заштитата на самите клиенти и нивните интереси
Соработка која се обезбедува на начин на кој клиентите се чувствуваат како значаен дел од работата
Тимски дух кој се одразува на личниот раст и развој на нашите вработени и врвниот квалитет на финансиските услуги како пример за посветеност во работата
Мисија
Мисијата на Инвестброкер е овозможување на финансиските услуги и воспоставување стабилен однос со нашите клиенти и акционери, преку доверба, професионалност и посветеност од страна на вработените, како и понатамошно унапредување на нашите долгогодишни партнерски односи
.
Краток хронолошки развој
2021
Инвестброкер АД Скопје воведува нова услуга за своите клиенти – тргување со хартии од вредност на странски пазари.
2004
Промена на називот во Инвестброкер АД Скопје
2001
Активно учество во подготовките за основање и работа на Централниот Депозитар за хартии од вредност АД Скопје при што Макос – Инвест Брокер е еден од основачите акционери
1998
Основано како брокерско посредничко друштво Макос – Инвестброкер АД Скопје
1996
Основач и акционер на Македонска Берза АД Скопје
Основано како организиционен дел на Инвестбанка АД Скопје