Тргување со хартии од вредност на македонска берза
.
Брокерски услуги
“ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје” на своите клиенти им овозможува
Тргување со хартиите од вредност на сите котирани акционерски друштва на официјалниот пазар на македонската берза
Тргување со обврзниците за денационализација издадени од Република Северна Македонија и други корпоративни обврзници
Тргување со хартиите од вредност на сите акционерски друштва на редовен пазар на македонската берза
Потребни документи за склучување на договор за посредување
Физички Лица
Важечки документ за индентификација:
1. Лична карта или
2. Пасош
Правни Лица
1. Тековна состојба од ЦРРСМ, не постара од 6 месеци
2. Тековна состојба за вистински сопственик, не постара од 6 месеци
3. Важечки документ за индетификација за законскиот застапник
4. Важечки документ за индетификација за вистинскиот сопственик
.
Како да купам/продадам акции или обврзници?
Склучување на договор за брокерски услуги
Потпишувате налог за купување/продавање на соодветни хартии од вредност
При купување:
Однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартии од вредност вклучително со провизиите на клиентска сметка на ИНВЕСТБРОКЕР во НБРСМ. Кликнете тука за да ја погледнете уплатницата
При продавање:
Од вредноста на продадените хартии од вредност, се одбива сумата потребна за провизиите (берзанска, депозитарна, брокерска) и се врши исплата на нето вредноста на вашата трансакциска сметка.